13-та недела протести

Демонстрант со разнесена рака на денешниот марш на „жолтите елеци“ во Париз (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

На еден од демонстрантите на движењето „Жолти елеци“ му бил разнесен дел од раката со граната за време на денешните демонстрации во Париз.

Лекари го опколиле повредениот човек и му даваат брза помош на местото на настанот.

Неколку демонстранти се обиделе насилно да се пробијат низ дрвените бариери пред Националното собрание, јави францускиот новинар Клемент Лано.

Француската полиција фрлила солзавец меѓу демонстрантите откако избувнаа судири на градските улици во тринаесеттата недела демонстрации.

На снимките што се споделуваат на социјалните медиуми се гледа дека демонстрантот посегнува и удира полицаец во лице, поради што полицијата почнува да ги напаѓа демонстрантите и да ги удира со пендреци.

Други снимки од демонстрациите во саботата во Париз покажуваат облаци од солзавец испуштен од полицијата во обид да ги растера толпите.

Вознемирувачко видео:

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе