Демонстрации низ цела Франција и масовни работнички штрајкови поради поскапувањата

Во тек се штрајкови на работниците во 11 француски нуклеарни централи, изјави денеска претставник на синдикатот ФНМЕ-ЦГТ, што го одложува редовното одржување на 17 различни реактори.

Фото: ЕПА

Производството на енергија исто така е намалено за 1,8 гигавати од уште три нуклеарни реактори, покажуваат податоците на француската енергетска компанија ЕДФ, пренесува Ројтерс.

Членовите на синдикатот ФНМЕ-ЦГТ веќе неколку недели организираат континуирани штрајкови во нуклеарните централи поради спор со раководството за платите. Ризикот од недостиг од електрична енергија во земјата се зголемува, бидејќи француското претпријатие за електрична енергија се бори да врати доволно реактори на мрежата за зимскиот период, пренесува Ројтерс.

Претставничката на синдикатот ФНМЕ-ЦГТ Виржини Нојмаер рече дека договорот за платите во секторот за енергетика и гас бил потпишан претходно, но преговорите сега ќе се водат на ниво на компанија, а првиот состанок со раководството на ЕДФ е денеска.

Датумот за рестартирање на најмалку шест реактори на ЕДФ е одложен бидејќи протестите на работниците, кои траат веќе неколку недели, се проширија на дури 11 нуклеарни централи за само неколку дена.

Портпаролот на ЕДФ потврди дека поради штрајковите, роковите за рестартирање на реакторот се одложени во однос на датумот објавен минатиот петок, имено за реакторот Катеном 1 за 11 дена, на 12 ноември, за реакторот Круа 2 за две недели, на 13 ноември, а за Трикастим 3 за три недели - на 14 ноември.

Исто така, рестартирањето на реакторот Буже 4 беше одложено за четири дена до 1 ноември, реакторот Круа 3 за пет дена, на 25 октомври, а реакторот Дампиер 3 за три дена, на 27 ноември.

Редовните работи за одржување продолжуваат, и покрај штрајковите, на во моментов затворените реактори, рече портпаролот на ЕДФ.

Прекините би можеле да ги забават плановите на ЕДФ да ги врати на мрежата својата флота нуклеарни постројки, чиј производствен капацитет во 2022 година падна на најниско ниво во последните 30 години поради доцнење во одржувањето и проблемите со корозија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе