Што покажуваат резултатите од изборите

Демократско цунами во Хонг Конг (ВИДЕО)

Кинеската влада, како реакција на убедливата победа на продемократските кандидати на изборите во Хонг Конг, истакна дека Пекинг секогаш ќе го управува градот и предупреди против ново насилство на протестите.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји предупреди да нема „обиди да се предизвика хаос во Хонг Конг“, додека неколку стотици луѓе повторно излегоа на улиците во знак на поддршка на демонстрантите што со денови се забарикадирани на универзитетот под опсада од полицијата.

„Без оглед како се менува ситуацијата во Хонг Конг, јасно е дека Хонг Конг е дел од кинеската територија“, им рече Ји на новинарите на маргините на самитот на Г20 во Токио.

„Секој обид да се предизвикаат нереди во Хонг Конг или да се поткопаат стабилноста и просперитетот ќе пропадне“.

Резултатите од изборите, на кои демократските кандидати освоија скоро 90 проценти од 452 места во окружниот совет, претставуваат жестока дилема за Пекинг, и за шефицата на извршната власт во Хонг Конг, Кери Лам, вели Гардијан.

Пред изборите во неделата, Лам често тврдеше дека има поддршка од „тивкото мнозинство“ и одбиваше да прави компромиси со водачите на протестите.

По понижувачкиот изборен пораз, таквиот став е неодржлив и таа зазеде попомирувачки став.

Лам вчера вети дека ќе ги почитува резултатите од изборите и „понизно ќе го слуша“ ставот на јавноста.

„Голем број луѓе веруваат дека резултатите го одразуваат незадоволството на граѓаните од сегашната состојба и длабоките проблеми во општеството“, рече Лам.

Владата „понизно ќе го слуша мислењето на припадниците на јавноста и сериозно ќе се преиспита“, се вели во нејзиното соопштение.

Претседателот на Демократската партија, Ву Чи-ваи, ги опиша изборите како прв чекор во долгата борба за целосна демократија. „Овие избори покажуваат дека централната власт треба да се соочи со барањата на демократскиот систем“, рече тој за Ројтерс.

„Ова е моќта на демократијата. Ова е демократско цунами“, рече Томи Чеунг, поранешен водач на студентските протести, кој освои место во област во близина на кинеската граница.

Повеќето кинески медиуми вчера избегнаа да ги споменат резултатите кога известуваа за изборите, наведувајќи само дека избирачките места во Хонг Конг се затворени.

Неколку часа по коментарите на министерот за надворешни работи Венг, портпаролот на министерството, Генг Шуанг, исто така, избегна директно да ги коментира резултатите, а наместо тоа го критикуваше протестното движење, за кое Кина во повеќе наврати рече дека е поддржано од странски сили што сакаат да ја поткопаат земјата.

„Најважната работа за Хонг Конг сега е да се запре насилството, да се исконтролира хаосот и да се врати редот“, рече Генг. „Кинеската влада е решена да го заштити националниот суверенитет и да се спротивстави на секое учество на странските сили во настаните во Хонг Конг“.

На социјалната мрежа Веибо, која е кинески еквивалент на Твитер, беше јасно дека вестите за изборните резултати сепак протекоа зад големиот ѕид што го одделува кинескиот интернет од светската мрежа.

„Сега јасно можеме да видиме кој е во малцинство“, напиша еден корисник, очигледно мислејќи на тврдењата на Лам дека неа ја поддржува „тивкото мнозинство“.

Бидејќи поради вонредната состојба не сме во можност да излеземе на стандардни протести пред Владата, нашиот протест ќе го искажеме преку социјалните мрежи и медиумите, за да се слушне и да се види за нашето незадоволство, велат голема група фризери, бербери, козметичари..., кои се едни од најпогодените од вонредната состојба и изолациите. Нивното писмо до нашата редакција го пренесуваме во целост.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе