Демократскиот кандидат Бајден најави дека сепак ќе организира предизборни собири

Кандидатот на Демократската партија за претседател на САД, Џо Бајден, денеска најави дека ќе ја продолжи теренската кампања во клучните држави воочи претседателските избори на 3 ноември, со што се откажа од својата претходна намера да не одржува предизборни собири заради коронавирусот.

Фото: ЕПА

„Ќе патувам низ целата земја, каде што ќе биде можно со почитување на сите епидемиолошки правила на собирите заради ограничување на ширењето на коронавирусот“, рече главниот демократски ривал на претседателските избори во ноември и поранешниот потпретседател во мандатот на претседателот Барак Обама.

„Една од работите за кои размислуваме е да одам во Висконсин и Минесота, да поминам време во Пенсилванија и Аризона“, додаде Бајден, кој верува дека тие држави би можеле да го одредат исходот од претседателските избори.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе