Демократска сенаторка тврди дека Трамп „наскоро“ ќе поднесе оставка

Американската сенаторка и членка на Одборот за правосудство Дајен Фејнстајн изјави дека Трамп „наскоро ќе се тргне од кабинетот на претседателот“, пренесува Индипендент.

Фејнстајн сугерираше дека Трамп попрво би дал отказ, отколку што би дозволил некој да го присили да си замине. Таа им се обрати на демонстрантите против Трамо во Лос Анџелес, кои сакаа да дознаат зошто Конгресот не се труди повеќе да го исфрли.

Еден од демонстрантите ја праша: „Знаеме дека секојдневно го крши законот, очигледно има договори со Русија, има толку неуставни активности. Како ќе го исфрлиме?“

Сугерирајќи дека можеби знае повеќе отколку што смее да каже, Фејстајн одговори: „Голем број наши луѓе ги истражуваат тие случаи. Мислам дека тој наскоро самиот ќе се тргне од кабинетот“.

Веќе неколку аналитичари предвидеа дека Трамп би можел да даде оставка. Еден од нив беше и Мајкл Мур, кој погрешно предвиде дека њујоршкиот милијардер ќе даде отказ пред инаугурацијата.

Вториот е Алан Лихтман, таканаречениот „професор по предвидувања“, кој предвиде дека Трамп ќе заврши на суд, а точно ги предвидел сите резултати на американските избори од 1984 година.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе