Демократите: Трамп е закана за демократијата

Демократите синоќа ги завршија воведните говори на судењето на американскиот претседател пред Сенатот со предупредување дека Доналд Трамп претставува закана за демократијата и дека повторно ќе ја злоупотреби позицијата ако остане на должноста.

Во третиот и последен ден од воведниот дел демократите се обидоа да ги зацементираат наводите на обвинението според кое републиканскиот претседател ја злоупотребил должоста со тоа што го притиснал Киев да го истражи неговиот веројатен противник на следните американски претседателски избори Џо Бајден, поранешниот американски потпретседател, а потоа ја опструирал конгресната истрага на случајот оневозможувајќи сведочење и криејќи ги доказите.

Демократите бараат отповикување на американскиот претседател.

„Ако се исполнети критериумите за за однесување кое заслужува отповикување, како што докажавме, не е важно дали го сакате. Не е важно ни ако не го сакате“, кажа пратеникот Адам Шиф, кој го заклучи воведното обвинителско излагање во третата постапка за отповикување во американската историја.

„Она што е важно е дали тој претставува опасност за земјата – бидејќи тоа тој повторно ќе го направи. И никој од нас не може да биде сигурен, врз основа на она што го знаеме досега, дека тоа нема да го повтори бидејќи секој ден ни го кажува спротивното“, кажа Шиф.

Трамп ги отфрла обвинувањата и целата постапка за отповикување ја нарекува измама.

Неговиот правен тим денес ќе почне со изнесувањето на воведните аргументи и ќе има на располагање сѐ на сѐ 24 часа во текот на три дена, исто како обвинителите.

Претставничкиот дом во кој демократите имаат мнозинство минатиот месец изгласа две точки од обвинението кои потоа беа проследени на судење во Сенатот во кој републиканците го имаат мнозинството.

Демократскиот пратеник Хаким Џефрис, еден од демократите кои имаат улога на обвинители на судењето, кажа дека Трамп „ги влечел конците“ во постапката за наговарање на Украина да се вмеша во американските претседателски избори во 2020 и дека други во Белата куќа му помагале во обидот за прикривање на доказите за неговото однесување.

„Претседателот Трамп се обиде да измами, беше фатен и потоа вложи напори да го прикрие тоа“, кажа Џефрис додавајќи дека во Белата куќа владее „токсичен хаос“ кој мора да се исчисти во интерес на американскиот народ.

Шиф ги повика републиканските сенатори да покажат политичка храброст и да прифатат сослушување на повеќе сведоци. Републиканците претходно неделава со своите гласови ги поткопаа демократските барања за четири дополнителни сведоци, меѓу кои и Трамповиот поранешен советник за национална безбедност Џон Болтон.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе