„Постои можност да ја загрозил националната безбедност“

Демократите сакаат да ги слушнат и разговорите на Трамп со Путин и други лидери

Американскиот Конгрес е одлучен во намерата да добие пристап до разговорите помеѓу американскиот претседател и рускиот претседател Владимир Путин и другите светски лидери.

Ова денеска го изјави претседателот на Комисијата за разузнавачки работи на Претставничкиот дом, Адам Шиф. Шиф, кој е демократ, додаде дека Конгресот е загрижен дека Трамп можеби ја загрозил американската национална безбедност, пренесува Ројтерс.

„Мислам дека е најголема потребата да ја заштитиме националната безбедност на САД и да видиме дали во разговорите со другите светски лидери, особено со Путин, претседателот ја загрозил нашата безбедност на начин на кој мислел дека ќе му донесе лична корист во (претседателската) кампања“, рече Шиф за Ен-би-си.

Белата куќа вовела сериозни ограничувања во пристапот со записниците од разговорите на претседателот Трамп со странските лидери, вклучувајќи ги Путин и саудискиот принц Мохамед бин Салман, изјави претходно неименуван поранешен функционер на Белата куќа.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека Москва се надева дека записниците на разговорите меѓу рускиот и американскиот претседател нема да бидат објавени.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе