Обврзувачко барање

Демократите од Белата куќа ги бараат документите поврзани со притисокот на Трамп врз Украина

Пратениците од редовите на демократите кои во Претставничкиот дом на Конгресот на САД ја почнаа постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп соопштија дека во петок ќе ѝ испратат обврзувачко барање на Белата куќа за доставување на сите документи поврзани со Трамповиот притисок врз Украина да го истражи неговиот потенцијален ривал на изборите Џозеф Бајден.

Претседателот на одборот на Претставничкиот дом за надзор и реформа Илајџа Каминс им напиша денес во белешка на членовите на тој одбор дека таквиот потег е неопходен бидејќи Белата куќа ги игнорирала бројните барања за доставување информации.

По „јасните и итни предупредувања“ кои на Конгресот му ги достави главниот инспектор за разузнавачката заедница, одборот „нема избор освен да го издаде овој обврзувачки налог“, кажа Каминс.

Обврзувачкото барање е упатено до вршителот на должноста шеф на Трамповиот кабинет Мик Малвејни, а од Белата куќа се бара доставување 13 посебни групи документи поврзани со телефонскиот разговор на Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски на 25 јули и поврзани прашања.

Во тој разговор, кој е во центарот на истрагата против американскиот претседател во Претставничкиот дом, Трамп вршел притисок врз Зеленски да почне истрага против можниот кандидат на демократите на изборите следната година Џозеф Бајден, односно да истражи дали тој, како потпретседател на САД, ја прекинал истрагата на украинскиот обвинител за гасната компанија Бурисма во чиј управен одбор тогаш бил неговиот син Хантер Бајден.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе