По еден твит на претседателот

Демократите му објаснија на Трамп дека Месечината не е дел од Марс

Претседателот Доналд Трамп објави дека сака Америка да го истражува Марс како дел од наредната мисија на Месечината. Демократската партија го потсети претседателот дека Месечината не е „дел од Марс“.

„Со сите тие пари што ги трошиме, НАСА НЕ треба да зборува за одење на Месечината - тоа го направивме пред 50 години. Тие треба да бидат фокусирани на многу поголемите работи што ги правиме, вклучувајќи го и Марс (чиј дел е Месечината), одбраната и науката“, напиша Трамп денеска на Твитер.

Со минато исполнето со недвижности и казина, Трамп очигледно не е астроном. Сепак, веројатно не е можно претседателот да претпоставил дека Месечината и Марс некако се исти. И покрај тоа, Демократската национална комисија брзо објави официјално соопштение до Трамп: „Месечината не е дел од Марс“.

Во мајтапењето со претседателот се приклучија голем број либерални новинари и коментатори.

Шегата на страна, Трамп со изјавата речиси сигурно имал намера да го повтори својот став дека секоја мисија на Месечината треба да се преземе како дел од вршењето поголем притисок за Марс. Всушност, пред само еден месец, Трамп ја изложи својата визија со познатата скромност, ветувајќи дека „ќе се вратиме во вселената на ГОЛЕМА ВРАТА!“

Твитот во петокот дојде и неколку минути откако главниот финансиски директор на НАСА, Џеф Девит, за Фокс њуз рече дека откако ќе воспостават „стабилно присуство“ на Месечината, „во 2030-тите ќе одиме на Марс“.

За таа цел, Трамп минатиот месец предложи да се додадат 1,6 милијарди долари во буџетот на НАСА за 2020 година, за во 2024 година човекот да се врати на Месечината. Агенцијата за вселенски летови сега има годишен буџет од 21,5 милијарди долари или 0,49 отсто од целиот буџет на САД. Во зенитот на вселенската трка со Советскиот Сојуз во 1966 година, НАСА потроши 4,41 отсто од американскиот буџет.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе