Демократите ја критикуваа шегата: Трамп му даде „зелено светло“ на Путин да се меша во изборите во 2020

Со насмевка и покажувајќи со прст, американскиот претседател Доналд Трамп денес му кажа на рускиот претседател Владимир Путин: „Не се мешај во изборите!“.

Нивната средба на маргините на самитот Г20 во Осака, Јапонија, беше првата откако специјалниот истражител заклучи дека Москва во голема мера ја попречувала кампањата пред претседателските избори во САД во 2016 година.

Опозициските демократи на Капитол хил веднаш го критикуваа Трамп, кажувајќи дека тој со тоа фрла светло на руското мешање во американските избори во 2016 година.

Ова беше првата средба на двајцата лидери откако специјалниот истражител Роберт Малер кажа дека, иако утврди дека Москва се мешала, тој не можел да утврди и постоење на криминален заговор на Русија и кампањата на Трамп за тоа.

Епизодата со Путин денес на самитот на Групата Г20 во Осака потсети на еден од најваѓните моменти на самитот во Хелсинки, во Финска, во јули 2018, каде беше истакнато дека не го опоменал Путин за мешањето во изборите и не ги поддржа оценките на американските разузнавачки служби за постапувањето на неговиот руски колега.

Трамп и Путин денес разменија кратки изјави, на првата средба по Хелсинки. Кога новинар го праша Трамп дали би го предупредил Путин да не се меша во американските избори во 2020 година, Трамп одговори: „Секако!“

Потоа се сврте кон Путин и „шеговито“ кажа: „Не се мешај во изборите!“, а потоа и го повтори тоа покажувајќи со прст кон Путин, кој исто така се насмеа.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, кажа дека Трамповата „шега“ всушност е на сметка на Америка, а дека „Путин е единствениот кој се смее“.

„Претседателот Трамп всушност му даде на Путин зелено светло за мешање (на американските избори) во 2020 година“, објави Шумер на Твитер.

Њујоршкиот пратеник на демократите Хаким Џефрис, член на Претставничкиот дом на Конгресот, кажа дека мешањето во изборите „не е смешно“.

Трамп, меѓутоа, кажа дека ужива во „многу, многу добриот однос“ со Путин и дека „многу позитивни нешта ќе произлезат од тоа“.

Кремљ соопшти дека Путин го поканил Трамп да ја посети Русија следната година за заедно да ја одбележат 75-годишнината од победата во Втората светска војна.

Путин во неколку наврати го отфрли заклучокот на Малеровиот извештај дека Русија системски се мешала во изборите во САД во 2016 година, изјавувајќи за Фајненшал тајмс неделава дека тоа е „митско мешање“.

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе