Ковид-19

Делта-сојот на коронавирусот потврден и во Виена

По повеќе места во долна Австрија, делта-сојот на коронавирусот, односно индиската мутација, сега е идентификувана и во Виена.

Фото: ЕПА

Значително позаразниот сој е потврден кај 12 случаи, објави покраинскиот кризен штаб. Беше истакнато дека се работи претежно за повратници од патување, кои веќе се излекувани.

Сепак, Андреас Хубер од Кризниот штаб рече дека во моментов има 19 активни случаи за кои се сомнева дека се со делта-сојот. Секвенцирањето на овие 19 примероци е во тек, а според Хубер, досега се покажало дека во 40% од случаите е потврден делта-сојот.

Во последните 24 часа во Австрија се регистрирани 112 новозаразени од коронавирусот, што е најмал број од август минатата година. Последен пат имало помалку новозаразени лани на 10 август.

Минатиот понеделник имаше уште 279 новозаразени.

И бројот на починатите заразени со коронавирусот исто така е многу мал, а од вчера почина само едно лице.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе