Сѐ уште нема договор на последниот ден

Делегати излегоа од КОП26 за да им се приклучат на демонстрантите (ВИДЕО)

Стотици делегати ги напуштија преговорите на КОП26 за да се приклучат на протестот пред местото на одржување на конференцијата.

Фото: ЕПА

Активистите изразија фрустрација поради недостигот од резултати од конференцијата на нејзиниот последен ден.

Членови на еколошки групи и синдикати се меѓу оние што пеат „моќта на народот“ додека ја напуштаат арената за да им се придружат на стотиците демонстранти на улицата надвор од сината зона на самитот.

Расположението меѓу активистите стана мрачно кога говорници што беа на самитот ѝ се обратија на толпата, вклучително и 15-годишник од Чад, кој рече дека езерото Чад пресушило за 95% од 1950-тите.

Притисокот се зголемува на КОП26 додека преговарачите од речиси 200 земји се обидуваат да постигнат договор за справување со климатските промени.

Крајниот рок за постигнување договор помина пред дваесетина минути, во 19 часот, а договор сѐ уште не е постигнат - нешто што се има случено на многу други КОП самити.

Самитот се смета за клучен момент во обидот да се задржи зголемувањето на температурата на 1,5 Целзиусов степен и да се ограничат катастрофалните поплави, шумските пожари и покачувањето на нивото на морето.

Но сегашните ветувања значително нè исфрлија од колосек и сега сме упатени кон загревање далеку над 2 Целзиусови степени.

Споровите околу парите остануваат во центарот на вниманието, а земјите во развој бараат богатиот свет да плати, пренесува Би-би-си.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе