Дел од српската опозиција: Вучиќ е политичка кукавица, не смееше да положи заклетва пред новоизбраните пратеници

Претставници на дел од опозициските партии го обвинија претседателот на Србија Александар Вучиќ дека е „политичка кукавица“ бидејќи „не смеел“ да ја положи заклетвата за новиот петгодишен мандат пред новоизбраните пратеници.

EPA-EFE

Тие оценија дека Вучиќ ја даде заклетвата пред пратениците на стариот состав бидејќи „не смеел да се соочи“ со новоизбраните пратеници меѓу кои има и претставници на опозицијата.

„Ова не е собрание туку фарса, ова е Главниот одбор на Српската напредна партија со нивните сателити“, кажа функционерот на Демократската партија Срѓан Миливојевиќ.

Потпретседателот на Народната партија Мирослав Алексиќ кажа дека „за првпат во историјата“ на Србија претседателот дава заклетва пред распуштен состав на парламентот кој според него е нелегитимен бидејќи опозицијата ги бојкотираше изборите во 2020 година.

„Србија гори од бројните проблеми кои ги има, а Александар Вучиќ се чешла, се однесува деспотски и ги уништува сите институции. Ни следува страшна економска криза и галопирачка инфлација, прашање е дали граѓаните ќе имаат струја оваа зима, имаме проблеми со снабдувањето со храна, што е сосема неверојатно, имаме и надворешнополитички проблеми, но Вучиќ одлучил сам да владее“, кажа Алексиќ.

Тој оцени дека Вучиќ „ќе продолжи деспотски да владее со Србија, како во претходните 10 години, откако СНС е на власт“.

„На Вучиќ не му се потребни парламент, влада, министри, градоначалници и директори на јавните претпријатија, но ќе дојде моментот кога ќе биде подвлечена линија и кога ќе одговара оној кој е најодговорен за она што се случува во Србија“, кажа потпретседателот на српската Народна партија.

„Вучиќ нема власт каква што сака“, кажа Радомир Лазовиќ од движењето Да не го давиме Белград.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе