Дел од републиканците сакаат да се одвојат и да формираат своја партија

Неколку десетици републикански функционери, кои сметаат дека нивната партија не сака да му се спротивстави на поранешниот претседател Доналд Трамп и на неговото поткопување на американската демократија, е во преговори за формирање нова партија на десниот центар, пренесува Ројтерс.

EPA-EFE

Во разговорите се вклучени поранешни републикански функционери од администрациите на Роналд Реган, Џорџ Буш Постариот и Помладиот и на самиот Трамп, поранешни амбасадори и стратези, откриле за Ројтерс четири лица запознаени со преговорите.

Минатиот петок повеќе од 120 од нив преку видео-конференција разговарале за нова партија која би се темелела на платформата на „принципиелен конзерватизам“, што вклучува почитување на уставот и владеење на правото.

Планот им е да имаат свои кандидати во некои од политичките трки, а во другите да ги поддржат кандидатите од десниот центар, без оглед дали се републиканци, демократи или независни.

Јуан Мекмалин, кандидат на претседателските избори во 2016, за Ројтерс кажа дека бил еден од домаќините на видео-конференцијата со поранешните функционери загрижени од Трамповото водење на партијата. Кажа дека 40 отсто од тие што учествувале ја поддржале идејата за нова партија и дека се размислува и за формирање „фракција“ која би можела да делува во рамки на Републиканската партија.

Во разговорот учествувале и Џон Митник, советник во министерството за домашна безбедност под Трамп, поранешниот пратеник Чарли Дент и Елизабет Нојман и Мајлс Тејлор, исто така функционери на домашната безбедност во администрацијата на Трамп.

Повиците за формирање нова политичка групација се показател за раздорот кој тврдењата на Трамп за изборна измама и немирите од 6 јануари на Капитол го создадоа меѓу републиканците. Повеќе членови на партијата и понатаму му се лојални на поранешниот претседател, но дел од нив сакаат нова насока.

Учесниците на видео-конференцијата на одметнатите изразиле разочарување од тоа што повеќе од половина републиканци во Конгресот, осум сенатори и 139 пратеници во Претставничкиот дом, гласале против потврдата на Џо Бајден на претседателските озбори неколку часа по упадот на насилната толпа во Капитол.

„Големи делови од Републиканската партија се радикализирани и се закана за американската демократија“, кажа Мекмалин за Ројтерс. „Партијата треба да се врати на вистината, разумот и основачките идеали, но очигледно мора да настане нешто ново“.

На прашањето за можноста од трета партија, портпаролот на Трамп Џејсон Милер кажа дека тоа се „губитници кои ги напуштиле републиканците кога гласале за Бајден“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе