Како што пишува во рекламата на популарната страница avito.ru, двајца професионални забавувачи за деца од Санкт Петербург доаѓаат во 30-минутна посета, облечени како Дедо Мраз и Снегурочка, за само 4.000 рубли (53 американски долари). Програмата вклучува песни, магионичарски трикови и игри, а секако завршува со подароци.
Актерот што го глуми Дедо Мраз, Алексиј Панасјук, е изведувач во Детскиот музички театар Зазеркалие.
Откако оваа служба во Санкт Петербург првпат беше рекламирана во средината на ноември, слични услуги се појавија низ целата земја. Во Москва, забавувач, наречен Руслан, за каналот Падјом изјави дека разболувањето од ковид-19 се покажало како „одличен маркетиншки трик“.
„Цената повеќе не е важна. Луѓето се спремни да платат огромни пари за безбедност“, објасни тој. „Телефонот ми се вжештува, па ќе ја покачам цената“.
Брзото пребарување на Авито наоѓа слични услуги и во други руски градови.
Дедо Мраз е мошне популарен лик во Русија, а во 2008 година тој дури доби и посета од претседателот Владимир Путин. Глумците што ги играат најпознатиот дедо и неговата помошничка Снегурочка се редовни гости на детските забави во текот на зимските празници.
По револуцијата во 1917 година Дедо Мраз бил забранет, но се врати само 20 години подоцна, како дел од новогодишните прослави.