Деца во Франција се отруле од замрзната пица. Осумгодишно момче почина

Неколку деца во Франција завршиле во болница, а едно почина откако јаделе замрзната пица Фреш-ап, произведена во париската фабрика Нестле, пишува Ле Монд. Пиците биле заразени со бактеријата Ешерихија коли, покажале прелиминарните анализи.

Илустрација: Ансплаш

По овие трагични настани семејствата на децата од Франција се скршени. Осумгодишно момче во Париз починало од хемолитично-уремичен синдром, а 12-годишно девојче завршило во вегетативна состојба. Срцето на едно 7-годишно момче неколку пати застанало, додека членовите на едно семејство се во критична состојба.

Уште на крајот на јануари во болница завршиле три деца, на возраст од 2, 9 и 10 години кои сè уште имаат здравствени последици бидејќи ја јаделе спорната пица. Ле Монд пишува дека овој случај го истражувала француската агенција за јавно здравје заедно со Институтот Пастер. Тие потврдија дека за труењето е виновна замрзнатата пица.

Потврдиле дури 53 случаи на труење и два смртни случаи кај деца, а се истражуваат уште 26 потенцијални случаи. Се смета дека и овие случаи би можеле да бидат поврзани со консумирањето на замрзнатата пица.

Многумина сметаат дека на француските власти им требало премногу време да реагираат. Пјер Дебисон, адвокат на семејствата, вели дека првите хоспитализации се случиле во јануари, а дури на 18 март било прекинато производството во фабриката.

„Тие дозволија производите да се продаваат и да се отрујат повеќе деца“, коментираше адвокатот. Нестле засега не ја коментира ситуацијата со пицата и труењето.

Легенда под Главна слика

Илустрација: Ансплаш

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе