Деб Халанд е новата американска министерка за внатрешни работи

Американскиот Сенат вчера ја потврди Деб Халанд за нова министерка за внатрешни работи, со што оваа демократска пратеничка во Конгресот е првата Индијанка што зазема место во Националниот кабинет.

EPA-EFE/Sarah Silbiger

Четворица републикански сенатори им се придружија на демократските колеги за да ја поддржат номинацијата на пратеничката од Ново Мексико, која помина со 51 наспроти 40 гласа. Девет сенатори не гласаа.

Халанд (60) припаѓа на племето Лагуна Пуебло. Според нејзината официјална веб-страница, таа е 35-та генерација на Американци од Ново Мексико.

Во 2018 година, таа била една од двајцата претставници на американските староседелци кои освоија место во Конгресот на САД, и на изборите во ноември минатата година беше реизбрана.

Активностите на Министерството за внатрешни работи на САД не вклучуваат спроведување на законот, туку е одговорно за управување со федералните природни ресурси и земјиште.

Халанд ќе ги надгледува политиките за користење на 500 милиони хектари сојузно и племенско земјиште или една петтина од државната површина. Областа на нејзината одговорност вклучува и прашања што се однесуваат на околу 1,9 милиони припадници на домородните народи.

Демократскиот сенатор од Ново Мексико Бен Реј Лујан, кој претседаваше со Сенатот за време на гласањето во понеделникот, рече дека назначувањето на Халанд испраќа сигнал до младите американски домородци.

„Потврдата на министерката Деб Халанд е моќен чекор напред во мисијата на демократите за унапредување на одржлива иднина на чиста енергија во Америка со правичност и правда за сите. Нејзината потврда е историска и е гордост на Домот“, напиша на Твитер спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/Sarah Silbiger

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе