„По опсежно пребарување, најголемо во историјата на библиотеката, конзерваторите заклучија дека бележниците, чие исчезнување за првпат е пријавено во јануари 2001 година, се веројатно украдени“, објавено е на сајтот на универзитетот.
Полицијата е известена, а тетратките за кои се проценува дека вредат неколку милиони фунти, се внесени во базата на украдени уметнички дела на Интерпол.
„Длабоко жалам што овие бележници не се најдени и покрај бројните пребарувања во последните 20 години, вклучувајќи го и најголемото пребарување во историјата на оваа библиотека претходно годинава“, изјави директорката на библиотечната служба Џесика Гарднер.
Апелот е испратен на „денот на еволуцијата“ со кој се одбележува годишнината од објавувањето на „Потеклото на видовите“, големото научно дело на англискиот природонаучник, на 24 ноември 1859 година.
Универзитетот објасни дека двата бележници во септември 2000 година биле изнесени од просторијата во која се чуваат највредните дела на библиотеката за да бидат фотографирани.
При рутинска контрола во јануари 2001 било утврдено дека кутијата во која биле бележниците не е на своето место.
Библиотекарите во текот на годините верувале дека бележниците биле ставени на погрешно место во библиотеката во која има 10 милиони книги, мапи, ракописи и други предмети.