Компанијата Норд стрим АГ ја информираше данската агенција за енергетика дека се чини дека сега е постигнат стабилен притисок на гасоводот Северен тек 1.
„Ова укажува на тоа дека истекувањето на гасот на двата цевководи сега заврши“, објави данската агенција на Твитер.
Данската агенција вчера објави дека природен гас престанал да истекува од гасоводот Северен тек 2.
Експлозиите во морето кои неделава ги оштетија гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 предизвикаа истекување на метан во големи количини.
Данската поморска управа соопшти дека вечерта на 26 септември дошло до истекување на гас кој доаѓа од Русија во близина на Северен тек 2. Набргу потоа е регистриран пад на притисокот на двата крака на гасоводот Северен тек 1.
Во меѓувреме, Шведската поморска управа регистрираше две истекувања на гас во ексклузивните економски зони на Данска и Шведска.