Дански политичари се потсмеваат со Трамп за идејата за купување на Гренланд

Поранешниот дански премиер Ларс Локе Расмусен е еден од неколкуте дански политичари кои денес изразија скепса околу наводниот интерес на американскиот претседател Доналд Трамп за купување на Гренланд.

„Тоа мора да е прваприлска шега!“, напиша Расмусен на Твитер.

Аја Кемниц Ларсен, една од двајцата гренландски пратеници во данскиот парламент, исто така ја отфрли дејата.

„Не, благодарам за Трамповото купување на Гренланд! Токму спротивното, подобро и порамноправно партнерство со Данска би требал да биде патот кон посилен и долгорочно понезависен Гренланд“, напиша Ларсен на Твитер.

Мартин Лидегард, пратеник на Социјално-либералната партија, која ја поддржува малцинската влада, и поранешен министер за надворешни работи, се кажа дека се надева дека интересот на Трамп е шега.

„Трамп да го купи Гренланд? Се надевам дека тоа е шега, но секако е ужасна идеја, со ризик за милитаризација на Гренланд и помала независност на гренландскиот народ, но и голема загуба за Данска“, напиша Лидегард.

Медиумите вчера објавија дека Трамп приватно разговарал со соработниците и советниците за идејата САД да го купи островот Гренланд за да се прошири американската територија. Замислата за купување за главно замрзнатиот остров, кој е автономна територија на Данска и се наоѓа меѓу северниот Атлантски Океан и Арктичкиот Океан, некои советници го сфатиле како шега, додека други пак посериозно го земале предвид.

Американскот претседател Хари Труман во 1946 година понудил 100 милиони долари за да го купи Гренланд.

Трамп, кој е на работен одмор во својот голф клуб во Њу Џерси, ќе ја посети Данска на почетокот на септември.

Засега нема информации дека купувањето на Гренланд ќе биде дел од разговорите со Данската страна.

Воздухопловната база Туле на Гренланд е најсеверниот американски воен објект.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе