Данска вакцинира 100.000 луѓе на ден за да го тестира системот

Вакцинацијата ќе се врши во 68 центри низ целата земја, во која живеат скоро шест милиони жители.

Фото: Пиксабеј

Во Данска денес 100.000 луѓе ќе бидат вакцинирани против коронавирусот, како дел од тестирањето на системот што данските здравствени институции планираат да го воведат во јуни, кога треба да се имунизираат четири пати повеќе граѓани.

Вакцинацијата ќе се врши во 68 центри низ целата земја, во која живеат скоро шест милиони жители. Бројот на вакцинираните ќе биде помал во вторник.

Данскиот министер за здравство Магнус Хеунике рече дека неговите сограѓани „ќе постават нов рекорд“ и ги повика да доаѓаат навреме на вакцината.

Повеќето граѓани ќе бидат вакцинирани во главниот град Копенхаген и неговата околина, каде што живее третина од населението.

„Нема да има пауза и процесот на вакцинација ќе се одвива континуирано. Ниту еден штанд за вакцинација не треба да биде празен“, изјави шефот на центарот за вакцинација во Окснехален, Лоне Мунк Андерсен, за домашната ТВ2.

Во Данска, 868.461 лице, или скоро 15 проценти од населението, досега ја примиле првата доза на вакцина против коронавирусот, а 445.566 лица, или осум проценти, обете дози.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе