Данска привремено го прекина вакцинирањето со Астра Зенека

Данска привремено ја прекина имунизацијата со вакцината на Астра Зенека против ковид-19 по извештаите за згрутчување на крвта, од кои еден е забележан во таа земја, соопштија данските власти.

EPA-EFE

Тие не кажаа колку има регистрирани случаи на згрутчување на крвта во Европа, но Австрија во неделата од претпазливост привремено го сопре вакцинирањето со Астра Зенека од една серија додека не се истражи смртта поради згрутчување на крвта и случај на белодробна емболија.

Данските власти наведуваат дека уште шест европски земји престанале да ја користат вакцината од една серија на вакцината на Астра Зенека.

„Ние и Данската агенција за лекови мораме да одговориме на извештаите за можни сериозни нуспојави во Данска и други европски земји“, кажа шефот на данската агенција за здравство Сорен Бротстром.

Вакцинирањето е прекинато во период од 14 дена.

Астра Зенека тврди дека нејзината вакцина е подложена на строги контроли на квалитетот и дека „немало потврдени тешки нуспојави поврзани со вакцината“. Исто така кажа дека е во контакт со австриските власти и дека целосно ја поддржува нивната истрага.

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави во средата дека досега немало докази кои ја поврзуваат вакцината на Астра Зенека со два случаи во Австрија и дека бројот на тромбоемболични инциденти кај луѓето кои ја примиле таа вакцина не е поголем од оној во општата популација.

Меѓу три милиони луѓе кои се вакцинирале со вакцината на Астра Зенека имало 22 такви инциденти до 9 март, наведе ЕМА.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе