„Опасно за сите нас“

Данска министерка ги повика муслиманите за време на Рамазан да земат одмор: „Опасни сте за целото општество“

Данска министерка за имиграција и интеграција ги повика муслиманите да земат одмор за време на Рамазан заради постот.

„Ги повикувам сите муслимани да земат одмор од работа за време на Рамазан за да се избегнат штетните последици врз остатокот на данското население“ објави Ингер Стојберг во колумна за таблоидот БТ, пренесе АФП.

Стојберг вели дека се прашува „дали почитувањето на правилата на исламот стар 1400 години е во согласност со општеството и пазарот на трудот што го имаме во Данска во 2018 година“, пренесе АФП.

Таа, исто така, рече дека „стравува дека постот за време на Рамазан би можел да ја загрози безбедноста и продуктивноста на граѓаните“, па како пример ги наведе возачите на автобуси кои не пијат и не јадат подолго од 10 часа на ден: „Ова може да биде опасно за сите нас“.

Коментарите на министерката за имиграција и интеграција, Ингер Стојберг членка на централно-десничарската Либерална партија, следат по започнувањето на Рамазан, најпочитуваниот празник на исламот во кој муслиманите од целиот свет постат од зори до зајдисонце.

Стојберг минатата година предизвика полемика кога на Фејсбук објави фотографија како насмеана држи торта за да ја прослави 50-тата мерка за заострување на законите за имиграција во Данска.

Една од најсилните мерки стапила во сила во 2016 година, дозволувајќи ѝ на полицијата да ги заплени вредните работи на бегалците. Владините упатства вовеле исклучок за свадбените и вереничките прстени откако мерката предизвикала меѓународен бес и споредба со нацистичка Германија.

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе