Данска ќе им издава потврда на граѓаните кои немаат коронавирус

Данска ќе почне да издава ковид-19 сертификати на граѓаните за да им го олесни патувањето во странство за време на пандемија, соопшти Министерството за здравство.

Дигиталниот сертификат е потврда за негативен резултат на ПЦР тестот, со кој некои земји го условуваат влегувањето во својата територија.

Може да се користи и како основа за барање за ослободување од правилата за карантин, додава министерството.

Ќе се издава бесплатно по тестирање на ковид-19 во Данска, а резултатот од тестот не смее да биде постар од седум дена.

Граѓаните најпрво мора онлајн да аплицираат да бидат тестирани, а потоа, доколку се негативни на тестот, можат да го преземат официјалниот сертификат за коронавирус со пријавување на националната веб-страница за здравствена заштита на земјата.

Сертификатот ќе биде достапен за сите полнолетни граѓани кои живеат во Данска, а родителите на малолетни лица ќе можат од средината на јули да земат слични сертификати и за деца.

Тестирањето за ковид-19 во Данска од средината на мај е бесплатно.

Владата, исто така, вчера двојно го зголеми бројот на дозволени лица на поголеми собири, на 100, како резултат на напредокот во контролата на пандемијата. Од 8 август ќе се зголеми на 200, според одлуката усвоена од парламентот во јуни.

Исклучоци овозможуваат собирање на поголем број луѓе, на пример на натпревари во фудбалската лига.

Данска постепено повторно се отвори откако во март, со цел да го спречи ширењето на коронавирусот, ги затвори границите како и многу институции. Од неодамна, повторно се отворени училиштата, рестораните, театрите, кината и продавниците.

До средата се регистрирани 609 смртни случаи поврзани со ковид-19 и околу 13.000 потврдени случаи на инфекција.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе