Данска ги укинува преостанатите ограничувања за ковид-вирус, висок процент на вакцинираност

Данска од петок ги укинува преостанатите мерки воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот, потег што се објаснува со високиот процент на вакцинирана популација.

Фото: ЕПА

Луѓето повеќе нема да мора да покажуваат ковид-потврда што покажува дека се вакцинирани, дека се заразиле со ковид или имаат негативен тест, дури и на големи настани како фудбалски натпревари или во ноќни клубови, кои штотуку се отворија.

Данска повеќе нема да го класифицира ковид-19 како „социјално критична“ болест.

Во текот на изминатите неколку месеци, владата постепено ја укина обврската за носење маски и други мерки.

Ноќниот живот повторно беше дозволен во почетокот на месецов, по година и пол затвореност. Во почетокот луѓето мораа да покажат ковид-потврда.

Ова барање е исто така укинато за баровите, спортските сали и други активности.

Министерот за здравство Магнус Хенике кон крајот на август рече дека попуштањето е можно благодарение на големиот број вакцинирани.

Досега, 83 проценти од Данците над 12-годишна возраст се целосно вакцинирани.

Меѓутоа, за патниците што влегуваат во земјата од странство, некои ограничувања ќе останат во сила. Дали е потребен тест за влез во Данска зависи од земјата или регионот од кој лицето влегува во земјата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе