Данска ги отвора културниот и забавниот сектор

Откако беа затворени еден месец, денеска во Данска беа отворени културните институции, зоолошките градини и забавните паркови, како дел од ублажувањето на мерките, и покрај големиот број новозаразени лица.

Фото: ЕПА

Музеите, зоолошките градини, забавните паркови, кината, театрите и концертните сали повторно се отворени од неделата, за прв пат по четири недели, со ограничен капацитет.

За пристап до повеќето места, посетителите мора да носат маска и да покажат ковид-потврда што докажува дека се вакцинирани, дека неодамна оздравеле или дека се негативно тестирани за ковид-19.

Но ноќните клубови остануваат затворени, барем до крајот на месецот.

Данска, земја со шест милиони жители, неодамна забележа повеќе од 20.000 нови случаи на ден.

Во саботата, на пример, беа потврдени повеќе од 25.000 случаи.

Надлежните од јавното здравство посочуваат дека ова е веројатно врвот на бранот, а бројот на хоспитализираните, и покрај растот на бројот на заразените, е стабилен. Во данските болници во просек се хоспитализирани меѓу 700 и 800 луѓе со ковид-19.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе