Данска е првата земја од ЕУ која емигрантите ги враќа во Сирија

Данска денес стана првата европска земја која им порача на емигрантите дека мора да се вратат во земјата на потекло, наведувајќи дека таму за нив сега е безбедно.

EPA-EFE

Скандинавската држава им ги укина дозволите за престој на 94 сириски бегалци, откако донесе проценка дека Дамаск сега е безбеден град.

Емигрантите ќе бидат испратени во кампови за депортација, но нема да бидат присилени веднаш да заминат. Групите за заштита на човековите права велат дека владата се обидува да им пружи друга можност, освен самите да се вратат во Сирија.

Данскиот министер за емиграција Матијас Тесфаје кажа минатиот месец дека земјата била „отворено и искрена од почеток“ кон емигрантите од Сирија.

„Јасно им дадовме до знаење дека дозволата за престој е привремена и дека може да биде повлечена ако заштитата повеќе не е потребна“, истакна Тесфаје.

Премиерката на Данска Мете Фредриксен вети дека ќе важи нулта толеранција за оние кои бараат азил во таа земја.

Германија претходно донесе одлука дека оние кои ќе извршат кривични дела може да се депортираат во Сирија, а Данска со оваа постапка стана првата земја од Европа која реши емигрантите да ги испрати дома.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе