Лидерот на „Жолтите елеци“

„Данокот за гориво е само трошките, ние го сакаме лебот“

Шестмесечниот мораториум што француската влада го воведе на зголемувањето на данокот на гориво не е тоа што го сакаа „Жолтите елеци“, изјави лидерот на протестот. Луѓето го сакаат „багетот“, а не трошките, и в сабота повторно ќе излезат на улица, рече тој.

„Не сакавме суспензија, сакаме веднаш да биде откажано минатото зголемување на данокот на горива“, изјави за БФМ ТВ Бенџамин Коши, организаторот на движењето „Жолти елеци“.

Со објавувањето на полугодишниот мораториум, владата „го мавта францускиот народ“ во обид да добие време, додаде тој.

„Французите не се врапчиња и не ги сакаат трошките што им ги дава владата. Тие го сакаат багетот.“

Во друго интервју за Ла депеш, Коши беше запрашан дали ќе продолжат насилните протести, во кои беа повредени повеќе од 260 лица и кои предизвикаа неколку смртни случаи во Франција во текот на викендот. „Жолтите елеци сакаат да дејствуваат в сабота“, одговори тој.

Сепак, тој рече дека движењето мора да стане „пацифистичко и ненасилно“, како што беше пред да почнат масовните немири пред три недели.

Групата има потреба од поддршка од францускиот народ, а мирниот собир ќе има поголемо влијание врз владата од немирите, рече водачот на протестот.

Претходно во вторникот францускиот премиер Едуар Филип на телевизија во живо изјави дека планираното зголемување на даноците за бензин и дизел, како и зголемувањето на тарифите за гас и електрична енергија, ќе бидат суспендирани на шест месеци.

Филип истакна дека даночното прашање не треба да го доведе „единството на нацијата во опасност“ и најави дека националната дебата за справувањето со климатските промени без оптоварување на паричниците на граѓаните на Франција ќе почне кон средината на декември.

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе