По 3 часа

Данецот што ја уби и распарчи новинарката во подморница избегал од затвор, па е фатен (ВИДЕО)

Осудениот дански убиец што уби шведска новинарка за време на интервју во неговата поморница и нејзиното распарчено тело го фрли во морето денес избегал од затвор.

EPA-EFE

49-годишниот поранешен бизнисмен Петре Мадсен успеал да избега од затворот Херстедвестер, каде што отслужува доживотна казна за убиството на Ким Вал во 2017 година, но неговиот престој на слобода не траел долго.

Данската полиција соопшти дека Мадсен бил уапсен во 13:20, нешто повеќе од три часа бегство.

Медиумите јавуваат дека се заканувал со бомба па на лице место имало и полициски демонтери на експлозиви. На полицајците им се заканувал и со предмет сличен на пиштол.

Мадсен пред тоа бил изолиран бидејќи постоеле сомнежи дека ќе се обиде да избега.

Тој доби доживотна казна затвор за убиството на новинарката Ким Вал која ја уби додека работела на напис за неговата подморница-изум.

Обвинителите тврдеа дека Мадсен планирал да ја убие 30-годишната новинарка со задушување или со сечење на грлото, но ни форензичарите не успеаја да потврдат на кој од тие два начини ја убил. Нејзиното распарчено тело беше најдено во морето на 21 август 2017, 11 дена откако го интервјуирала на подморницата, при што била видена последен пат.

Полицијата го уапси на 11 август 2017, откако стигна на копното без Вал, која се качила со него на подморницата за да работи на написот.

Подоцна истиот месец полицијата утврди дека торзото исфрлено од морето на брегот е на исчезнатата новинарка. Подоцна беа најдени и други делови од нејзиното тело.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе