Данците развиваат дигитален пасош, ќе можат да потврдат дека биле вакцинирани

Данска денес објави дека планира да развие дигитален пасош поврзан со коронавирусот што ќе овозможи патување во странство и отворање на општеството.

EPA-EFE/Johan Nilsson

Пасошот ќе им овозможи на Данците да посведочат дека биле вакцинирани за време на службени патувања и други патувања во странство, соопшти данското министерство за финансии.

Претставници на Конфедерацијата на данската индустрија, Данската стопанска комора и културниот сектор се поканети да се приклучат на проектот.

Според планот, луѓето ќе можат да се најават на веб-страницата и да го проверат својот статус во врска со вакцинацијата веќе на крајот на февруари. Веројатно ќе бидат потребни дополнителни три до четири месеци за да се развие дигитален пасош и соодветна апликација.

Веќе неколку месеци, Данците можат да прикажат и печатат документ кој покажува дека неодамна биле тестирани и се негативни на коронавирус.

„За нас е клучно да можеме повторно да го отвориме данското општество и компаниите да можат повторно да работат. Многу дански компании се од глобален карактер“, рече министерот за финансии Мортен Бодсков.

„Ова е светло на крајот на тунелот за голем број компании“, рече Брајан Микелсен, шеф на Данската трговска комора.

Пасошот може да го користат и луѓе кои сакаат да посетуваат ресторани, конференции, музички фестивали и спортски настани.

Бројни сектори на данското општество остануваат затворени до 28 февруари, додека аптеките, продавниците за храна и трговските центри се отворени. Баровите, кафулињата и рестораните се ограничени да работат само на понуда на храна и пијалоци за носење.

До 29 јануари во земјата се вакцинирани околу 184.000 луѓе од вкупно 5,8 милиони жители со првата доза на вакцината.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/Johan Nilsson

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе