Данците им помогнаа на Американците да шпионираат европски лидери, НАТО бара истрага

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вчера повика на истрага за данско-американскиот разузнавачки скандал, по извештаите дека данските власти ѝ помогнале на американската Агенција за национална безбедност (НСА) да прислушкува истакнати европски политичари.

Фото: ЕПА

„Земјите вклучени во случајот се сојузници на НАТО и мора да се стават сите факти на маса и да се открие што всушност се случило“, рече Јенс Столтенберг за јавната Данска радиотелевизија ДР.

Тој рече дека случајот фрлил грдо светло на Данска, но дека довербата во НАТО останува недопрена.

Истражувачки новинари од Данската телевизија ДР, заедно со германските медиуми како НДР, ВДР и Зидојче цајтунг, во неделата открија дека НСА наводно прислушувала телефони на водечки политичари користејќи софтвер создаден од данската воена разузнавачка служба ФЕ.

Истражувањето се заснова на анонимни извори и внатрешна анализа на ФЕ од 2012 и 2014 година.

Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел исто така побараа сеопфатно објаснување од владата во Копенхаген.

Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека немало систематско следење над сојузниците и дека не верува дека се нарушени односите на Данска со Германија и Франција.

Секретарката за печат на Белата куќа Џен Псаки рече дека оттогаш САД издале сеопфатен преглед на нивниот пристап кон надзорот во странство и дека претседателот Обама во тоа време издал претседателска директива со која значително се променил пристапот на САД.

„Ние ќе продолжиме да соработуваме со нашите европски сојузници и партнери за решавање на сите прашања преку соодветни канали за национална безбедност“, рече таа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе