Дали терористите ќе ја одлучат политичката судбина на Велика Британија?

Велика Британија стана ранлива, а последиците на неодамнешните терористички напади во Лондон може да станат многу сериозни, не само за политичките партии, туку и за лидерите.

Ова го тврди британскиот политиколог Ентони Гилс, една недела пред парламентарните избори во таа земја и додава дека граѓаните очекуваат радикални промени.

Тој за Дојче веле вели дека лидерот на лабуристите Џереми Корбин цело време зборува против тоа веднаш да се пука во наводните терористи.

„Меѓутоа, тројцата извршители на нападот се убиени. Што ќе каже на тоа? Знаеме дека во Велика Британија живеат околу 23.000 лица за кои се смета дека се џихадисти. Не можеме да ги контролираме, бидејќи Тереза Меј како министерка за внатрешни работи во 2010 година ја укина таа можност“, вели Гилс.

Тој додава дека лидерите на двете партии, како и безбедносните сили, во моментов не се на добар глас. По нападот во Манчестер беше кренато нивото на тревога, а набрзо потоа беше повторно намалено.

„Тоа значи дека властите воопшто немале поим за претстојниот напад“, истакнува Гилс.

Според него, ториевците и Тереза Меј идеолошки се на страна на остриот одговор на тероризмот, додека лабуристите ги предводи Корбин кој во кампањата се изјасни против наредбата да се пука во терористите, иако сега го менува ставот.

„Секој Британец гледа дека терористите не сакаат да седнат на преговарачка маса, туку дека сакаат масата да ја кренат во воздух“, вели британскиот експерт.

Тој смета и дека политиката е немоќна бидејќи Британија е во многу тешка ситуација, особено по референдумот за брегзитот кога ниеден политичар не кажа што всушност тоа значи.

„Живееме во земја која не знае како да ја гарантира безбедноста и која не знае каде треба да оди во следните неколку години. Така сме сите лесна мета. Ранливи сме“, истакнува тој.

Како причина за релативно честите напади во Британија тој ја гледа тесната поврзаност со САД, но и социјалните услови.

„Фактот дека станавме слаби и дека така нѐ гледаат нашите непријатели има последици. Тоа е законот на џунглата: ранливите животни се напаѓани. Тоа е политички проблем со кој мора да се занимава владата. Сосема е можно во четврток да не се одржат изборите. Ако и бидат одржани, тогаш тоа нема да бидат нормални избори, и поради тероризмот и поради несигурноста околу брегзитот“, вели тој.

Тој смета дека ако Британија продолжи да живее и да реагира како досега, и тероризмот ќе засили и затоа мора нешто радикално да се смени.

„Ако тоа не се случи, тогаш некои лица може да ги земат работите во свои раце. Повеќето муслимани кои не сакаат да имаат ништо со тероризмот исто така се наоѓаат во многу тешка ситуација“, кажа тој и потсети дека Франција три дена по нападот во Париз ги нападна позициите на џихадистите во Рака.

„Велика Британија не го направи тоа ни кога во Манчестер пред две недели беа нападнати нашите деца. Можно е барањата нешто навистина да правиме да станат сѐ погласни“, заклучува британскиот професор.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе