Дали кралицата можела да го одбие Борис Џонсон - и да каже не за суспендирањето на парламентот?

Борис Џонсон побара од кралицата да го суспендира парламентот пред крајниот рок на брегзитот - но можеше ли да каже не?

Британскиот премиер побара од кралицата да го суспендира парламентот неколку недели пред истекот на рокот за брегзитот.

Toj побара од неа тоа да го стори околу 11 септември - само неколку дена откако пратениците ќе се вратат од летниот одмор.

Тие не би се вратиле до парламентот до 14 октомври, што им остава многу малку време на пратениците што се за останување во ЕУ да ги донесат законите што би можеле да го блокираат Џонсон да ја изнесе Велика Британија без договор на 31 октомври.

Овој план беше дочекан со шок и гнев.

Заменик-лидерот на лабуристите Том Вотсон објави: „Овој потег е крајно скандалозна навреда на нашата демократија. Не можеме да дозволиме да се случи ова“.

Премиерката на Шкотска, Никола Стурџон, исто така напиша: „Се чини дека Борис Џонсон всушност може да го затвори парламентот за насилно да изведе брегзит без договор.“

„Освен ако пратениците не се соберат да го запрат следната недела, денешниов ден ќе остане запаметен во историјата како навистина мрачен за демократијата во Велика Британија“.

 

Можеше ли кралицата да одбие да го суспендира парламентот?

Иако, технички, кралицата можеше да го одбие барањето на Борис Џонсон да го суспендира парламентот, отсекогаш било многу малку веројатно дека таа ќе рече не.

Суспендирањето на парламентот ќе значи прекинување на тековната парламентарна сесија, која трае од 2017 година.

Новата сесија на парламентот ќе започне со краличиниот говор на 14 октомври, во кој ќе бидат утврдени владините плановите на владата за иднината.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе