Дали коронавирусот излегол од пештера во Кина

Неколку луѓе во 2013 година слегле во пештера во Кина, а тогаш бил пронајден вирус што бил многу сличен на ковид-19, дури 96 проценти, тврди швајцарски експерт.

Фото: ЕПА

Постои можност коронавирусот веќе осум години да живее меѓу луѓето, да се појавил во 2013 година кога неколку луѓе слегоа во пештера во Кина, илјада километри оддалечена од Вухан, местото каде што официјално беше регистриран првиот случај на зараза, тврди Дидие Пите, раководител на службата за превенција и контрола на заразни болести во Универзитетската болница во Женева.

„Останува нејасно дека во 2013 година во Кина, околу 1.100 километри од Вухан, во пештери истражувани од спелеолози, бил пронајден вирус што бил многу сличен, околу 96 проценти, со ковид-19, и тој можел да ги зарази луѓето што работеле во таа пештера. И останува нејасно дека овој вирус можеби е откриен од една од лабораториите во Вухан. Таму има неколку лаборатории што работат со коронавируси.

Луѓето што работат во овие лаборатории објавија дисертации. Но овие дисертации исчезнаа. Покрај тоа, кога работите на нов вирус, тој е замрзнат. Но се покажа дека лабораторијата не го пронајде овој примерок. И тоа е малку загрижувачки“, рече овој познат швајцарски пронаоѓач на формулата за дезинфекција на раце, за Спутник.

Научникот истакна дека тоа не значи дека САРС-КоВ-2 е создаден во лабораторија, „но зборува за тоа дека од нас можеби се криело дека веќе во 2013 година, пред осум години, бил откриен вирус многу сличен на ковид-19“.

„А за вирусот да стане пандемија, треба некое време да циркулира во природата. Значи, можеби овој вирус е кај нас многу подолго отколку што можеме да замислиме“, изјави тој.

Експертот смета дека имало и други директни показатели за тоа.

„Така, во есента 2019 година во областа на Вухан се одржаа воени олимписки игри. Одреден број од тимовите се разболеа со симптоми слични на грип. Имаше и спортисти што поради тоа не можеа да учествуваат на игрите, што е невообичаено за воените спортисти. Значи, вирусот веќе постоел и постојат докази дека овој вирус бил во Европа уште пред да биде објавено“, објасни Пите, пренесе Спутник.

Пите нагласи дека оваа ситуација заслужува детална истрага. Не само за подобро да се разбере колку време е потребно за вирусот да се развие до степен на пандемија, туку и за „следниот пат да се реагира подобро во однос на спречување слични ситуации“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе