Претседателот на српскиот парламент

Дачиќ: Зборувавме дека Косово е нашиот Ерусалим, а сега некој нашиот Ерусалим признава дека е албански

Имаме право да се лутиме на Израел за признавањето на независноста на Косово, бидејќи ние секогаш кажувавме дека Косово е нашиот Ерусалим, изјави Ивица Дачиќ, претседателот на парламентот на Србија.

EPA-EFE

Поранешниот шеф на српската дипломатија кажа дека тој потег на Израел веројатно ќе остави последици на односот меѓу Србија и таа земја.

„Ние секогаш зборувавме дека Косово е нашиот Ерусалим, а сега некој нашиот Ерусалим признава дека е албански, па тоа тогаш не може да остави последици по односите на Србија и Израел“, кажа Дачиќ како коментар на изјавата на амбасадорот на Израел во Србија Јахел Вилан, кој изрази надеж дека признавањето на независноста на Косово нема да ги наруши добрите односи на Србија и Израел.

Признавањето од Израел, кажа Дачиќ, е уште еден показател дека секоја земја и народ во светот го гледа пред сè својот интерес, а тука, како што додаде, интересот на Израел беше една муслиманска „земја“ да отвори амбасада во Ерусалим.

Тој потсети дека со Вашингтонскиот договор му беше оставено на Израел да одлучи што е подобро за нив, а дека Србија својот понатамошен однос кон Израел и одлуката за префрлање на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим ќе ја базира врз односот на Израел кон Србија.

Тој истакна дека во Приштина признавањето на Косово од Израел го доживуваат како „победа врз блокадата на признавања“, и Дачиќ истакна дека тоа не е „победа врз блокадата на признавања“, туку американска помош.

„Да не беше Америка, тоа никогаш немаше да се случи“, истакна Дачиќ.

„Ако некој мисли дека земјите ќе поитаат да го признаат Косово, мислам дека греши. Во претходниот период 19 земји го повлекоа признавањето на Косово и тој процес е несопирлив, можеби привремено“, кажа Дачиќ.

Тој укажа дека Приштина и со израелското признавање нема мнозинство во Генералното собрание на Обединетите нации, каде од 193 члена, може да добие најмногу 93 гласа.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе