„Двојни стандарди“

Дачиќ: Западот сака руски гас преку Северен тек 2, а нам ни го блокираат Турски тек

Западот врши притисок врз Белград поради развојот на односите со Русија и други земји, изјави министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ за Раша тудеј.

Шефот на српската дипломатија истакна дека официјален Белград веќе се навикнал врз него да вршат притисок од странство, а додаде и дека кон Србија се применуваат двојни стандарди.

„Германија и северноевропските земји можат да го користат гасот кој тече низ Северен тек, а Србите не треба да купуваат руски гас – тој на нив негативно влијае! Односно врз Германците и другите не влијае! Двојни стандарди. А ние со нив постојано се соочуваме“, се пожали српскиот вицепремиер.

Дачиќ кажа и дека Србија веќе почнала да поставува 400 километри гасовод за Турски тек и изрази надеж дека „во Бугарија сѐ ќе биде во ред и нема да има пречки“. Според српскиот министер, рускиот гасовод е главната причина за политичкиот притисок врз Белград, но „никој друг не ѝ нуди гас на Србија“.

Проектот Турски тек подразбира изградба на гасовод кој се состои од два крака, со капацитет од по 15,57 милијарди кубни метри.

Првиот крак е предвиден за испорачување гас до турските потрошувачи, а ќе почне да работи оваа година. Вториот крак треба да ги снабдува земјите од јужна и југоисточна Европа, а неговото поштање во работа е планирано за 2020 година.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе