Дачиќ: Заедничка надворешна политика со Република Српска – зошто да не?

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ коментирајќи ја најавата за заедничка надворешна политика на Албанија и Косово и својата изјава дека и Србија би можела да го направи истото со Република Српска кажа: Зошто да не.

Министерот за надворени работи на Србија ја искоментира во Сараево, на самитот на Процесот на соработка на Југоисточна Европа, состојбата во регионот и односите на Белград и Приштина.

На прашањето како го коментира недоаѓањето на делегацијата на Косово на СЕЕЦП во Сараево, Дачиќ одговори дека во 2014 е донесена одлука во согласност со договорот од Брисел да се овозможи учество на Косово во согласност со договорените услови.

„Многу е интересно што Косово учествуваше на првиот следен самит во Албанија под истите услови поради кои сега не сакаа да дојдат. Условите се такви што пред секој од нас стои името на главниот град, значи нема знамиња и имиња на држави“, кажа Дачиќ.

„Постапено е на истиот начин како што направи Албанија кога го покани Косово во 2015 година. Не им пречеше тогаш во Албанија, но сега им пречи во БиХ“, кажа Дачиќ.

Во врска со заедничката надворешна полиика на Албанија и Косово и неговата изјава дека Србија може да го направи истото со Република Српска, Дачиќ кажа:

„Би можеле, зошто да не. За нив тоа е детска игра. Кога Тирана и Приштина нешто прават, моите пријатели и колеги велат – пуштете ги, тоа не е сериозно. Пацоли вели дека договорот за заедничка надворешна политика всушност ги претставува Албанија и Косово како една нација“, кажа тој и праша што уште треба да се нацрта за некој да види дека станува збор за содавање на голема Албанија.

Тој праша и што би се случило кога Србија би потпишала таков договор со Република Српска.

„Дали тоа тогаш е нарушување на територијалниот интегритет и интересите на БиХ: Веројатно тоа би го осудиле, а за ова викаат – ма оставете ги“, кажа Дачиќ.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе