Шефот на српската дипломатија

Дачиќ за вестите за „голема Албанија“: Тоа е главната закана за мирот на Балканот

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ синоќа од Европската Унија, САД и Велика Британија побара да реагираат на изјавите на албанските, косовските и политичарите на трите општини на југот на Србија за обединување со Албанија.

Дачиќ кажа дека тие ќе бидат директно одговорни доколку не реагираат на ваквите искажани ставови на албанските политичари, пренесуваат српските медиуми.

За изјавата на претседателот на општината Бујановац Јонуз Муслиу дека унијата на Албанија и Косово е „бесмислена без Прешевската долина, Медвеѓа, Бујановац и Прешево“, Дачиќ предупреди дека албанските политичари стануваат „главна закана за мирот и стабилноста на Балканот и Европа“.

„Координираните изјави на албанскиот премиер Еди Рама и косовскиот претседател Хашим Тачи за унија на Албанија и Косово, и таа на Јонус Муслиу, покажуваат дека голема Албанија е цел на сите Албанци. Денес Муслиу на тоа го додаде и Ниш, а утре ќе бидат и Скопје, Улцињ, Епир. Ќе прозборат ли ЕУ, САД и Велика Британија? Ако тоа не го направат сега, кога голема Албанија стигна до Ниш, ќе бидат директно одговорни за последиците“, истакна Дачиќ.

Тој додаде дека Албанците треба да ги „измерат своите зборови, бидејќи на меѓународната сцена повеќе ги нема нивните заштитници кои ја бомбардираа Србија за да ѝ го грабнат Косово на Србија“.

„Тоа повеќе никогаш нема да се повтори. Србија никого не провоцира, но и не се плаши од никого. За среќа, сето ова е само пуст сон. Но искуството нѐ учи колку е краток патот од соништата до кошмарот“, кажа Дачиќ.

Претседателот на Националниот совет на Албанците и претседател на општината Бујановац, Јонуз Муслиу, изјави вчера дека Тирана ја има целосната поддршка за обединување на Албанија и Косово доколку се исклучи нивната европска перспектива, вклучувајќи ја и Прешевската долина.

Тој претходно ги поддржа изјавите на албанскиот премиер Рама и косовскиот претседател Хашим Тачи за унија на Косово и Албанија.

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе