Дачиќ за средбата во Париз: Се знаеше дека нема да се одржи, ова е пораз за Тачи

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека можеби биле преголеми очекувањата дека ќе се одржи средбата во Париз.

Како што истакна српскиот министер, се занело дека претседателот на Франција Емануел Макрон нема да закаже таква средба, доколку Приштина не ги укине царините на увоз на стока од Србија и БиХ.

Дачиќ, одговоарајќи на прашањето дали откажувањето на средбата во Париз може да се толкува како пораз, кажа дека му се чини дека е најголем пораз за (косовскиот претседател) Хашим Тачи, кој изјави дека со тоа е поразено Косово кое е означено како причината за откажување на самитот.

„Тоа ќе биде прилика да се откочи дијалогот“, кажа Дачиќ на конференцијата за медиуми со норвешката министерка за надворешни работи Ина Ериксен Сорајде и додаде дека Србија не претставува пречка.

„Само бараме мерките кои се пречка за дијалогот, односно царините, кои се политичка а не економска мерка, да се укинат пред почетокот на дијалогот“, кажа Дачиќ, наведувајќи дека Белград сака со дијалог да дојде до решение.

„Од клучна важност ни е да дојдеме до компромисно решение кое не може да биде наметнато“, кажа шефот на српската дипломатија и објасни дека компримис не подразбира од Белград да се бара да го признае Косово.

На прашањето дали постои можност, покрај ЕУ, САД и Русија, и Кина да се вклучи во дијалогот на Србија и Косово, Дачиќ кажа дека засега нема најави за промена на форматот на дијалогот.

Според него, ако дојде до договор меѓу Белград и Приштина, тоа ќе мора да биде верификувано во ОН, каде решаваат и САД и Русија и Кина.

Тој истакна дека ЕУ во моментов има проблеми од кадровска природа кои ќе мора да бидат решени пред да продолжи решавањето на косовското прашање.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе