Дачиќ за прислушувањето на Вучиќ: Тоа е државен удар

Претседателот на собранието на Србија Ивица Дачиќ изјави дека прислушувањето на српскиот претседател Александар Вучиќ со „логистика на системот“ е државен удар.

EPA-EFE

„Разводнување на случајот би било амнестирање од тоа. Не е можно повеќе од 1.500 прислушувања да бидат случајни. Системот морал за тоа да го предупреди Вучиќ“, кажа Дачиќ, наведувајќи дека треба да се утврди кој одлучувал за прислушувањето.

Според него, сега некои политичари и јавни личности се обидуваат да го релативизираат случајот тврдејќи дека Вучиќ не бил прислушуван.

На прашањето за криминалната грипа на Вељко Беливук, Дачиќ кажа дека и тоа мора да се истражи до крај, односно до каде стигнувале нивните врски.

Како што кажа, мафијата секогаш бара логистика кај оние од кои зависи, „не ја вараат од директорот на Народната библиотека“.

„Еден дел од системот може секогаш да помисли дека тие се трајни, а дека претседателите и премиерите се минливи“, кажа Дачиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе