Шефот на српската дипломатија

Дачиќ за поканата на Косово во Хелсинки: Сѐ се тоа игри

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ го коментираше потегот на шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини.

Тој смета дека Могерини со поканата до Приштина да учествува на собирот во Хелсинки на кој се поканети земјите кандидати за членство во ЕУ се обидува да направи преседан кој Белград би морал да го прифати, а што, како што истакна, секако нема да се случи.

Могерини за прв пат, на крајот на својот мандат, ја промени праксата и ја покани Приштина на самитот, потсети Дачиќ, и додаде дека поради Приштина го сменила форматот на одржување на собирот и кажала дека ги поканила и „партнерите“.

„Во формална смисла тоа нема да го наруши нашиот принципиелен став, бидејќи ќе бидат истакнати само името и презимето на учесниците без државни обележја. Но, суштински гледано тоа беше сосема непотребно, бидејќи има многу состаноци на кои Косово учествува и не треба да биде на место до кое со својот развој не стигнало“, кажа Дачиќ.

„Зошто Косово би било наградено кога не ги испочитуваа ни берлинските заклучоци, ни Бриселскиот договор, ни многу други договори, а воведоа царини, со што директно го убија дијалогот?“, праша Дачиќ и потсети дека и Шпанија протестираше за поканата на Косово.

Дачиќ смета дека Могерини ја поканила Приштина за тие да не кажат дека ништо не направила за нив.

„И ете, ги покани. Досега ги канеше на ручекот, а сега на формалниот состанок, но менувајќи го називот дека не се кандидати туку партнери“, кажа Дачиќ, додавајќи: „Сето тоа се сепак игри кои не носат никаква корист, туку само политичка штета“.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе