Дачиќ: Вучиќ остро го одбил предлогот за заемно признавање на Србија и Косово

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави вечерва дека добил информација дека претседателот на Србија Александар Вучиќ на состанокот во Белата куќа остро го одбил предлогот кој подразбирал заемно признавање на Србија и Косово.

EPA-EFE

„Точно е дека документ со сите предлози (кои се појавија во медиумите), меѓу другото и со точката 10 (која подразбира заемно признавање), бил на преговарачката маса (во Белата куќа). Добив информација дека Вучиќ на многу брутален начин ја одбил точката 10, кажал дека за Србија тоа е неприфатливо и дека ќе се однесува во согласност со уставот на Србија“, кажа Дачиќ.

Шефот на српската дипломатија кажа дека документ со тој текст „никогаш не ѝ бил претставен на делегацијата“ на Србија и оцени дека станува збор за обид да се прошират темите на состанокот во Вашингтон, откако се зборуваше дека „економијата ќе биде на дневниот ред“.

Вучиќ и премиерот на Косово Авдулах Хоти денес попладне ги почнаа дводневните преговори во Белата куќа во Вашингтон.

Домачини на состанокот се специјалниот претставник на американскиот претседател за преговорите на Србија и Косово Ричард Гренел и советникот на претседателот на САД за национална безбедност Роберт О’Браен.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе