Дачиќ: Уште една земја веројатно ќе го повлече признавањето на Косово

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека во понеделник на 21 јануари уште една земја би можела да го повлече признавањето на независноста на Косово, пренесува Б92.

Наведувајќи дека Белград успеал да го врати прашањето на Косово како „главна тема на дневниот ред“, Дачиќ кажа дека министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, за време на вчерашната посета на претседателот на таа земја Владимир Путин на Србија, кажал дека за Белград е „историски успех 12 земји да го повлечат признавањето на Косово“.

„На сите ни е познато дека ни бараа да направиме суспензија на нашите активности на шест месеци, а тие да ги суспендираат царините што ги воведоа. Дали тоа важи и за Америка дека таа ќе престане да лобира? На Советот за безбедност кажаа „ги повикуваме сите земји да ја признаат независноста на Косово“. Ние на сето тоа не се сложивме и продолжуваме со нашата работа. Утре ги продолжуваме понатамошните преговори, понеделник е денот кога може да се очекува уште една земја да го повлече признавањето“, кажа Дачиќ.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе