„Новак не дојде сам во Австралија, доби виза, не ја наметнуваше својата волја. Вака не се однесува со човек, а камоли со светски гигант како него. Тој е и носител на дипломатски пасош, што австралиските домаќини мораа да го имаат предвид“, изјави Дачиќ за ТВ Пинк, наведувајќи дека Новак е морален победник.
Дачиќ изјави дека никој не го оспорува правото на Австралија да не пушта никого во земјата без образложение, но, како што рече, тоа се случува со ситни крадци, ловокрадци, криминалци, политички неистомисленици, а на спортист ова никогаш му се нема случено.
„Принципиелно гледано, ова е пораз на правото, пораз на човековите права, пред една тиранија на политиката“, истакна Дачиќ.
Како што изјави, „ова е срам за австралиската држава, Новак не отиде таму како слеп патник, човекот доби виза“.