„Не е закана, само предупредување“

Дачиќ: Србија ќе ги брани Србите на Косово во случај на напад

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави вчера дека Србија ќе ги брани Србите на Косово ако дојде до оружен напад врз нив и додаде дека тоа никој не може да ѝ го забрани.

„Ако КФОР не ја гарантира безбедноста на Србите, а на тоа е обврзан според Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, и ако дојде до оружен напад врз Србите (на Косово), Србија ќе ги брани Србите. Тоа никој не може да ни го забрани бидејќи тогаш резолуцијата 1244 повеќе не е на сила“, кажа Дачиќ на конференција за новинарите по средбата со шефот на дипломатијата на Гранада Чарлс Питер Дејвид.

Шефот на српската дипломатија кажа дека тоа не е закана туку „само предупредување“ до косовските власти „да не си играат со оган“.

„Не е закана ако Србија каже „ако ги нападнете Србите ние ќе ги браниме“, кажа Дачиќ.

Тој наведе дека во Резолуцијата 1244 пишува дека КФОР е единствената безбедносна сила на Косово и дека неговата должност е да ја гарантира безбедноста и оцени дека тоа е „најважниот дел од Резолуцијата“.

Додаде и дека на посилната позиција на Србија околу Косово, покрај напорите на Белград, најмногу придонеле постапките на приштинските политичари кои, како што оцени, работат на своја штета.

„Најголемата закана за нив се тие самите. Не е добро ова што го прават, но само нека продолжат така, на добар пат се да изгубат сѐ што добија“, додаде Дачиќ.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе