Дачиќ: Србија го предупреди НАТО, ќе реагираме ако ги нападнат Србите на Косово

Нема единствен апел на меѓународната заедница врз Приштина за укинување на царините на стоката од Србија и затоа тие опстануваат, кажа шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.

Тој кажа дека САД имаат интерес да се укинат царините, да се продолжи дијалогот, бидејќи сакаат за себе политички плус.

„Некои земји на ЕУ не го сакаат тоа и постојано му кажуваат на Рамуш Харадинај да не ги укинува царините. Тие сакаат дијалогот да продолжи и кога сите ќе седнат на преговарачка маса, тогаш да се укинат царините“, кажа Дачиќ.

Тој потсети дека Британија не ги осудува потезите на Приштина и дека се на ставот дека нема промена на границата. И Германија, како што додаде, не се согласува со промена на границата, но не го поддржува она што го прави Харадинај.

„Британија, според нашето мислење, го охрабрува Харадинај да не ги укине царините, не им се допаѓа идејата за компромис и не им се допаѓа тоа што не се водечки фактор. Не размислуваат дека треба да се реши тоа прашање. Предлагаат решенија кои подразбираат дека треба да го признаеме Косово во рамки на постојната граница и дека северот на Косово треба да има широка автономија“, кажа Дачиќ.

Со воведувањето на царините и усвојувањето на платформата Приштина, како што кажа српскиот министер, го сопрела дијалогот, а ставот на Белград е дека може да продолжи само откако царините ќе се укинат. „Отежнувачка околност е што претстојат избори во ЕУ, но и во САД, и може да се случи демократите да се вратат на власт во САД, а тие го застапуваат ставот дека нема за што да се разговара и дека Србија треба да го признае Косово“, истакна Дачиќ.

Зборувајќи за наводниот план косовските безбедносни сили да српски политичари на Косово, Дачиќ кажа дека Србија ги предупредила КФОР и НАТО дека Србија ќе интервенира ако бидат нападнати Србите на Косово и Метохија. „Србија нема да дозволи напад врз Србите на северот на КиМ. Нормално, нема да дозволат напад на цело Косово, но северот им е опсесија“, заклучи српскиот министер.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе