Шефот на српската дипломатија

Дачиќ: Србија е спремна воено да ја одбрани Република Српска

Српскиот премиер Александар Вучиќ и шефот ан дипломатијата Ивица Дачиќ се загрижени од изјавите на поранешниот воен командант на Армијата на БиХ Сефер Халиловиќ, кој во интервју за сараевската ТВ1 се закани со војна доколку биде спроведен реферндумот за Денот на Република Српска, и порачаа дека Србија сака мир и дека ќе направи сѐ за да се одржи регионалната стабилност и да се почитува интегритетот на БиХ и дека Република Српска сигурно нема да исчезне.

Халиловиќ за ТВ1 изјави дека „по референдумот (во РС) дејтонскиот устав повеќе нема да важи“ и дека БиХ тогаш „би се вратила на уставот на Република Босна и Херцеговина, а потоа Бог нека ни помогне на сите, нека прво ни даде разум, а потоа и сила да ја завршиме цела таа приказна“.

Тој кажа дека РС во евентуален конфликт може да се одржи најмногу 10 до 15 дена, оценувајќи дека во БиХ „апсолутно“ постојат луѓе кои се спремни да војуваат.

„И затоа јас апелирам добро да се размисли. Бидејќи (Слободан) Милошевиќ умре, ЈНА не постои, нема илјадници тенкови, илјадници транспортери... Ни Србија не може да и помогне на РС. Нема да дозволиме некој да ни отцепи половина држава“, кажа Халиловиќ.

Вучиќ: Република Српска нема да исчезне

„Таквите изјави, од кого и да доаѓаат, секако не се добри. Србија ќе направи сѐ за да нема нарушување на мирот, а секоја изјава во смисла на уривање на мирот, од која страна и да доаѓа, е лоша и непотребна. Нам ни треба мир по секоја цена и ние ќе го зачуваме. Го почитуваме интегритетот на БиХ, но Република Српска нема да исчезне, што е во согласност со Дејтонскиот договор“, изјави за српските медиуми Александар Вучиќ од Њујорк.

Тој најави дека наскоро ќе разговара со претседателот на Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ и со други политичари од регионот за смирување на тензиите. „Мора заедно да работиме на смирување на тензиите, а ако работиме што било друо, би било неодговорно. Треба да бегаме од луѓе кои лесно ставаат пушка на рамо“, кажа Вучиќ.

Дачиќ: Србија е спремна за војна

Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ изјавата на Сефер Халиловиќ за уништување на РС ја толкува како „најголема закана за мирот и стабилноста во регионот“, истакнувајќи дека Халиловиќ не е само поранешен воен командант, туку и неофицијален портпарол на Бакир Изетбеговиќ.

„Халиловиќ го зборува она што Изетбеговиќ го мисли. Затоа неговите закани треба да се сфатат сериозно, бидејќи покажуваат дека постојат воени планови, кои се базираат врз проценката дека Република Српска не може да издржи повеќе од 10-15 дена и дека ни Србија не може да ја одбрани“, кажа Дачиќ. Според него, „на сите им е јасно дека референдумот е само изговор, а дека зад сето тоа стои намерата со војна да се уништи Република Српска“.

„Да сакаа компромис, Уставниот суд на БиХ можеше да смени барем една запирка во својата одлука. Но ним не им беше важен компромис, туку изговор за воените намери и планови, за што муслиманите во БиХ очигледно се спремаат“, се вели во соопштението на Дачиќ.

„Србија е доволно јака да се одбрани себе, а нема да дозволи ни уништување на Република Српска ако биде нападната“, истакна Дачиќ.

На референдумот кој во РС треба да се одржи во сабота граѓаните на тој ентитет ќе треба да одговорат на прашањето дали поддржуваат 9 јануари да продолжи да биде Ден на Република Српска, а политичарите од Федерацијата БиХ тврдат дека тој е можна проба за некој иден референдум за независност.

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе