„Плукање во лице на цела ЕУ“

Дачиќ: „Србија е мала, но не е глупава земја“

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ кажа дека „Србија е мала, но не е глупава земја“, пренесуваат српските медиуми.

Тој истакна дека, додека Србија зборува за компромис и дијалог, Приштина и Тирана под маса договараат создавање „голема Албанија“.

Дчиќ, гостувајќи во Дневникот на РТС, кажа дека разговорот на косовскиот претседател Хашим Тачи и албанскиот премиер Еди Рама за „национално обединување“ заслужува остар одговор.

„Не зборува Србија за тоа (за „голема Албанија), туку Тачи и Рама. Ова е плукање во лицето на цела ЕУ, на сите кои Србија ја убедуваат дека треба да бидеме конструктивни и мирни. Ние седиме на масата, а тие под истата маса договараат создавање „голема Албанија“, кажа шефот на српската дипломатија.

Договарањето на Рама и Тачи, според него, е врвен безобразлук на албанските политичари бидејќи на еден самит на кој се зборува за регионалната соработка тие зборуваат за „исправање историски неправди“.

Дачи додаде дека „Србија е мала, но не е глупава“.

Министерот за надворешни работи смета дека сега се поставува прашањето дали Србија треба да учествува на собирите како актуелниот во Тирана бидејќи, како што кажа, зад нашиот грб се турка идејата за „голема Албанија“.

„Изгледа принципите за непроменливост на границите се дозволени само кога некој треба да ја нападне и да удри по Србија“, истакна Дачиќ и праша што би се случило доколку (српскиот претседател Александар) Вучиќ и (српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад) Додик би се сретнале да разговараат за обединување на Србите.

Дачиќ истакна дека сега не станува збор за отворање на Пандорината кутија бидејќи таа, според него, била отворена со признавањето на Косово и нарушувањето на принципот на непроменливост на границите.

„Ова е промоција на „голема Албанија“ на која никој не реагира. Каде се оние кои ја критикуваа Србија поради некоја идеја за разграничување? Зборуваа дека нема промена на границите, каде се тогаш вчера?“, праша тој.

Србија, како што кажа, нема таен, туку само јавен план – непризнавање на еднострано прогласената независност на Косово.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе