Смета дека треба да се искористи моментот

Дачиќ: Сега е добар момент за придвижување во решавањето на прашањето на Косово

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ оцени денес дека сега е погоден момент на меѓународен план да се направи придвижување во решавањето на прашањето на Косово бидејќи, како што кажа, прашање е како ќе се одвива ситуацијата во САД по следните претседателски избори.

Тој кажа дека треба да се искористи ова време за постигнување договор за Косово бидејќи „можно е на власт во Америка да се врати администрацијата која беше лоша за Србите“.

„Таа администрација не беше толку таа на Обама колку што беше на Клинтон. Прашање е колку враќањето на Бајден или некој од тој круг би било добро за нас“, кажа Дачиќ.

Според него, лидерите на косовските Албанци чекаат да се случат такви промени.

„За нас и тоа е опција, но мислам дека никогаш нема да успеат да станат член на Интерпол, УНЕСКО, а да не зборувам за членство во ОН“, кажа српскиот министер и изрази уверување дека многу брзо помалку од половината од членките на ОН ќе го признаваат Косово како независна држава.

Коментирајќи ги спротивните изјави на косовските лидери за можното разграничување, Дачиќ оцени дека станува збор за „какофонија, разногласие на шумови кои доаѓаат од Приштина со цел да не се донесе какво било решение“.

„Тие не очекуваа дека ќе бидат олку силни притисоците од меѓународната заедница да се укинат царините. Мислам дека САД нема поради тоа да ѝ воведуваат санкции на Приштина, но најавија рестрикции во воено-безбедносната соработка“, кажа Дачиќ.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе