Дачиќ: Се создава лажна атмосфера околу постапките на Белград и Приштина

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека премногу важност му се дава на соопштението на петте големи западни сили за продолжување на дијалогот на Белград и Приштина и дека тие состаноци не се на високо ниво.

Тој истакна дека со тоа соопштение се создава лажна атмосфера.

Дачиќ изјави дека според соопштението излегува дека косовската страна имала право да ги воведе царините бидејќи Србија води кампања за повлекување на признавањата на Косово.

„А што се тогаш царините кон Босна и Херцеговина, и таа ли води кампања против признавањето?“, праша Дачиќ.

Тој наведе дека целта на Србија е бројот на признавања на Косово да падне под половината од членките на Обединетите нации, како и дека со министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ се спрема за гласањето за членство на Косово во Интерпол во Чиле.

„Ние мораме да се подготвуваме тие да не влезат во тие меѓународни организации“, кажа Дачиќ.

Зборувајќи за реакциите на неговата изјава дека Србија нема поголем непријател од поранешниот американски претседател Бил Клинтон, кажа дека „никој повеќе не се радувал на победата на Доналд рамп на претседателските избори од Србите, бидејќи не ги поднесуваат Клинтон и Олбрајт“.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе